Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Timothy 5

:
Macedonian - 1990
1 Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа;
2 старите жени како мајки, младите како сестри, со секаква чистота.
3 Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици.
4 Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да им се отплатуваат на родителите свои, бидејќи тоа е добро и угодно пред Бога.
5 А онаа, што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе,
6 но онаа, пак, што живее распуштено, таа уште при животот умрела.
7 Порачувај им го уште и тоа, да бидат беспорочни.
8 Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од неверник.
9 За вдовица да се прими жена не помлада од шеесет години, и тоа таква што имала само еден маж,
10 позната по добри дела; ако деца одгледувала, ако била гостољубива, нозе на светии миела; ако им помагала на пострадани и секое добро дело усрдно следувала.
11 А помлади вдовици не примај, оти кога ќе побеснат против Христа, ќе сакаат да се мажат.
12 Тие потпаѓаат под суд, зашто ја отфрлиле порано дадената верност.
13 Освен тоа, бидејќи без работа, навикнуваат да одат од куќа во куќа; и не само без работа, туку се и јазичарки, љубопитни и зборуваат што не прилега.
14 И така, сакам помладите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да вртат куќа и да не му даваат никаков повод на противникот за хулење;
15 оти некои веќе се повлекоа по сатаната.
16 Ако некој верен или верна има во куќата вдовици, нека се грижи за нив, та да не се товари Црквата, за да може да пригледува вистински вдовици.
17 А презвитерите, што добро ја извршуваат својата претстојна служба, нека се удостојуваат со двојна почит; а најмногу, пак, оние, кои се трудат во словото и во поуката.
18 Оти Писмото вели: »Не заврзувај уста на вол, кој врши«, и »работникот ја заслужува својата плата.«
19 Обвинение против презвитер не примај, освен пред двајца или тројца сведоци.
20 А оние што грешат, искарај ги пред сите, та и другите да имаат страв.
21 Те заколнувам пред Бога, пред Господа Исуса Христа и пред избраните ангели да го пазиш ова без лицемерност и ништо да не правиш по пристрасност.
22 Раце на никого не полагај пребрзано, ниту, пак, на туѓи гревови да стануваш соучесник! Пази се себе чист!
23 Не пиј веќе само вода, но употребувај по малку и вино, поради стомакот и честите боледувања!
24 Гревовите на некои луѓе се познати и однапред ги водат на суд, а на некои по нив одат.
25 Исто така и добрите дела се познати; а оние што не се такви, не можат да се сокријат.